• Горан Упале

Македонскиот второлигаш Кожуф има нов шеф на стручниот штаб. Гевгелискиот клуб денес го промовираше Вангел Алтипармаковски, кој ќе го предводи сениорскиот тим во продолжението од сезоната.
Алтипармаковски во стручниот штаб ќе работи заедно со Стојче Кречев, кој досега беше ангажиран во младинските категории на клубот, а сега добива нова улога и ќе биде помошник-тренер во сениорскиот состав. Во Кожуф очекуваат новиот стручен тандем да донесе позитивна енергија и резултати во продолжението од сезоната.
Алтипармаковски својот последен ангажман го имаше во редовите на Пелистер, каде што беше помошник на Капинковски и Милан Стојановски.




