ФОТО: Битола „обоена“ во зелено во чест на славеникот ФК Пелистер!

За крај на роденденското славје ФК Пелистер го обои градот во зелено. Имено, вечерва по завршувањето на пријателскиот натпревар меѓу Пелистер и Динамо Букурешт сите познати монументи во крајот беа обоени во зелено, во чест на 80. роденден на битолскиот клуб.

Прекрасно во зелена нијанса изгледаа градскиот часовник и Домот на АРМ, кои се препознатливост на градот и симболи кои немаат рамни на себе во цела Македонија.

Во пријателски натпревар Пелистер го совлада Динамо Букурешт со 2-0, а претходно на Свечена академија на клубот признанија добија Упалевски, Ристевски, Димитровски и Пресилски.