Битола и Еурофарм Пелистер ќе бидат домаќини на пионерската Ф4 завршница

По завршувањето на кадетскиот шампионат и крунисувањето на Еурофарм Пелистер за нов шампион на Македонија, овој викенд на програмата е завршниот турнир во пионерска конкуренција. 

Домаќин на оваа завршница ќе биде Битола и Еурофарм Пелистер, а сите натпревари се играат во недела во салата „Боро Чурлевски". 

Во првото полуфинале кое започнува од 11:30 часот, домашниот тим на Еурофарм Пелистер ќе се судри со тимот на Алкалоид, а вториот натпревар е помеѓу пионерите на Вардар 1961 и Охрид.

Натпреварот за трето место е во 17:00, а финалната средба е закажана за од 18:30 часот.