Битката започнува: Михајловиќ направи тестови и откри повеќе детали за болеста

Синиша Михајловиќ

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ, ги направи потребните тестови преку кои откри повеќе детали за болеста.

Резултатите покажале дека тој има хронична мелоидна леукемија, позната под името ЦМЛ, која се јавува кај постарите луѓе. Прогнозите на докторите се позитивни, но и тие не можат целосно да потврдат каква ќе биде реакцијата на терапијата. 

Србинот и понатаму е во контакт со своите асистенти и добива информации за тренинзите на екипата. Тој ќе мора да прави хемотерапија која ќе го натера да биде надвор од терените во наредниот период.

Фудбалерите и клубот се зад својот тренер и најавуваат голема поддршка во овие тешки моменти.