Битката за Куп-пехарот и за Баскија во Севиља

Веќе сме навлезени во 2021 година, а во Севиља в сабота (21:30) ќе се дели трофеј за сезоната 2019/2020. Двата најголеми баскиски клуба, Атлетик Билбао и Реал Сосиедад, го одложија мечот од финалето во Купот на Кралот со желба да играат пред полни трибини, но пандемијата со корона вирусот и понатаму трае. Андалузија ќе биде местото на големиот судир на „црвено-белите“ и „сино-белите“ за титула, слава, престиж, за одговор на прашањето кој е шеф во Баскија.

Сите квоти во MOZZART за натпреварот Атлетик Билбао - Реал Сосиедад

Овој дуел на лутите ривали во последно време го доби прекарот АП-8, име на автопатот кој ги поврзува овие два града. Иако владее големо ривалство меѓу двата клуба, меѓу навивачите нема омраза, ретки се инцидентите. Атлетик Билбао имаше многу повеќе успеси, посебно во осумдесеттите години од минатиот век кога се освоени две титули во првенството на Шпанија по ред во сезоните 1982/83 и 1983/84. “Црвено-белите“ може да се пофалат дека никогаш не испаднале од најдобрата лига, а традиционално се потпираат само на домашни фудбалери кои се израснати во оваа автономна покраина на Шпанија со околу 2,2 милиони жители.

Овие тимови не може да се пофалат со добра форма во последно време во Примера. Како и на едните и на другите во мислите да им е Севиља и мечот на годината. „Црвено-белите“ се специјалисти за Куп-натпреварувањата. Билбао со Барселона ќе игра за титула  во Купот на Кралот во месец мај, во изданието од оваа сезона. Сосиедад подобро котира во Примера. Има десет бода повеќе од лутиот ривал и се наоѓа на петтото место со 45 бода, ама екипата од Сан Себастијан врза два порази, од кои последниот беше катастрофален против Барселона на свој терен (1-6). Билбао е во средината на табелата, а во последните три кола на шампионатот на Шпанија освои само три бода.

Сосиедад е поуспешен од лутиот ривал во изминатите сезони. Во последниот ден од 2020 година овие два тима играа на „Сан Мамеш“ и беше 0-1. Порту со гол во петтата минута донесе три бода за тимот од Сан Себастијан. На последните пет меча на овие два клуба, „сино-белите“ четири пати славеа, а „црвено-белите“ само еднаш. Се чини дека Сосиедад е поквалитетен тим, па реално му даваме мала предност. Важноста на мечот е голема, па не очекуваме често да се тресат мрежите.