Битка на гигантите во Торино за место во Лигата на шампиони

Поразениот лесно би можел да остане без Лига на шампиони, што би била и спортска и финансиска катастрофа. Јувентус е нешто поблиску до бодовите.

Пресметката на Јувентус и Милан би привлекувала внимание дури и кога не би имала некое значење во вид на борба за пласман во Лигата на шампионите затоа што се работи за најголемите клубови на Апенинскиот полуостров. Ривалите го делат второто место со Аталанта, но Наполи и Лацио демнат од аголот, па влогот е голем.

Сите квоти во MOZZART за натпреварот Јувентус - Милан

Децениската доминација на „торинците“ во италијанскиот фудбал заврши и официјално пред една недела кога Интер ја обезбеди шампионската титула, меѓутоа на навивачите на „старата дама“ им беше јасно уште многу претходно дека од освојувањето на десеттото скудето во низа нема да има ништо. Експериментот со целосниот почетник на клупата, Андреа Пирло, кој доби лиценца во седмицата во која беше промовиран за нов тренер, нема да стане потполно фијаско само ако торинскиот великан за десет дена ја совлада Аталанта во финалето во Купот, нешто што воопшто нема да е лесно.

„Црно-белите“ во минимален број на натпревари потсетуваа на себе, а додека нивните ривали жалат што едно такво големо фудбалско име се „потроши“ на самиот старт на новата кариера, некои стручњаци сметаат дека за резултатите виновна е управата чија сопствена ароганција им се одбила од глава. Сите веруваа дека Јувентус има толку квалитетен тим, па со него може да дојде до титула и баба која продава пиемонтски лешници на пазарот во Порта Палацо. Меѓутоа, и за Пирло, а можеби и за екипата, ќе беше подобро челниците да се држат до планот и тој некое време да го води подмладокот на клубот. Но, затоа што не се држеа до тоа, на големо се зборува за масовна реконструкција на сите нивоа, а главен кандидат за кам-бек на клупата наводно е Масимилиано Алегри, кој по заминувањето од таборот на „бјанконерите“ е на одмор.

Сите квоти во MOZZART за останатите натпревари во Серија А

Што се однесува до Милан, во ова дерби влегува во сенка на двата најголеми ривали – овој, кој доживеа помрачување, и соседите кои слават. Во есенскиот дел се чинеше дека оваа сезона може да биде успешна за „росонерите“ затоа што играа одлично, сè до првиот пораз на 6 јануари и тоа баш од Јувентус (3-1). Набрзо овој неуспех го продолжија и во пресметките со Аталанта, Специја, Интер, Наполи, а на крајот на април и против Сасуоло и Лацио, па „неразурите“ ги минаа на лидерската позиција.

Пирло нема големи кадровски проблеми – единствени на кои веројатно нема да може да смета се Мерих Демирал и Федерико Киеза. Неговиот колега Стефано Пиоли на располагање нема да го има Саму Кастиљехо, кој ќе паузира поради картони, додека неизвесен е настапот на поранешниот центарфор на Јувентус, Марио Манџукиќ, кој по епизодата во Катар во текот на зимата потпиша за Милан.

Вниманието на навивачите сигурно ќе биде фокусирано на најголемите ѕвезди на екипата – Кристијано Роналдо на едната и Златан Ибрахимовиќ на другата страна. Ние ќе се осудиме да му дадеме предност на Португалецот, но и ГГ е реално.