Бирмингем има план за враќање во ПЛ, на листата желби и Бојан Миовски

Членот на Чемпиншип, Бирмингeм Сити, е решен да изгради шампионски тим, како би се вратил во Премиер лигата. За таа цел преговара со големи имиња и искусни напаѓачи. Британските медиуми шпекулираат со имињата на Александар Митровиќ од Ал-Хилал, ветеранот Џејми Варди и нашиот Бојан Миовски.

Миовски на седумнаесет настапи постигна два гола и додаде уште две асистенции за Џирона. Меѓутоа, не треба да се занемари фактот дека преминот од шкотската лига во Шпанија претставуваше голем скок во квалитет и стил на игра. Во Абердин, тој блескаше – имаше 14 голови и 2 асистенции во 33 првенствени натпревари предминатата сезона.

Претходно летово Миовски беше интересен за германските и шкотските клубови. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.