Бирхоф: Не смеевме да загубиме од Македонија, нема отказ за Лев поради тоа

Лев

Јоаким Лев доби поддршка од спортскиот директор на Германската фудбалска репрезентација, Оливер Бирхоф.

Легендата на германскиот фудбал смета дека селекторот има доволно искуство и квалитети да донесе успех на претстојното Европско првенство.

„Јоаким има квалитети и иксуство да донесе успех на Европско првенство. Немам сомнеж во тоа. Погледнете ја играта на првите два меча во квалификациите. Секако дека не смеевме да загубиме од Македонија. Пропуштените шанси и свежината беа клучни и не ни дозволија порано да го одлучиме натпреварот“, вели Бирхоф.

По дебаклот на домашен терен на дуелот со македонската репрезентација, многу се зборуваше за потенцијална замена на Лев. Сепак, федерацијата донесе конечна одлука да го остави на селекторската функција и во наредните неколку месеци.

Елмас и Пандев предизвикаа критики на сметка на „панцерите“, кои беа на мета на германската јавност во изминатиот период.