„Биолошката бомба“ потврдена: Сите 40.000 навивачи се заразени со коронавирус

Џорџо Гари, градоначалникот на Бергамо, изјави дека сите навивачи кој беа присутни на натпреварот меѓу Аталанта и Валенсија се позитивни на коронавирус.

Калчолигашот на 19 февруари на „Сан Сиро“ во Милано ги пречека „лилјаците“ во рамките од осминафиналето на Лигата на шампионите, а според многумина овој натпревар бил „биолошка бомба“ за ширењето на вирусот ковид-19.

„Првиот пациент во Италија беше регистриран на 23 февруари и не знаевме што се случува. Вирусот беше меѓу нас и немавме поим дека 40 000 луѓе од „Сан Сиро“ се заразени. Вирусот се пренесува од личност на личност. Луѓето доаѓаа во групи и имаше физички контакт“, потврди Гари.

Оваа теза прв ја отвори Фабиано ди Марко, директорот на пулмологија во болницата „Папа Џовани XXIII“ во Бергамо.

<<< ПОВРЗАНО - Причината за хаосот во Италија: „40.000 луѓе на „Сан Сиро“, тоа беше биолошка бомба“!

Во Италија, според најновите податоци, има 69.176 заразени од овој вирус, а досега починале 6.820. Ломбардија, каде се наоѓа и Бергамо, е најзагрозеното место на планетата.