Билиќ по дебаклот: Дури ни Естонија не би загубила со 7-0 од Англија!

Селекторот на хрватската фудбалска репрезентација, Славен Билиќ, не го криеше разочарувањето по убедливиот пораз од Англија со неверојатни 0-7 во Ријека. Билиќ им се извини на навивачите и призна дека ниту тој, ниту фудбалерите не очекувале ваков исход.

„Тешко е нешто да се каже по ваква вечер. Најголемиот пораз... Жал ми е за навивачите, за децата кои беа на трибините, за сите хрватски навивачи. Но, верувајте, нам ни е најтешко. Бев со играчите, разговаравме целосно“, изјави Билиќ.

Искусниот стратег призна дека Хрватска мора детално да ги анализира причините за убедливиот пораз.

„Ниту во сон не очекувавме дека ова може да се случи. Сè изгледаше добро, но се случи целосен... Дали да го наречеме лош ден? Глупаво е да се анализира натпревар загубен со 0-7, но мора да ги најдеме причините. Реално, не верувам дека Англија би ја победила, не знам, Естонија со 7-0. Значи, за Хрватска ова е недопустливо“, додаде Билиќ.

За Билиќ ова беше втор пораз на клупата на Хрватска, по неговиот кам-бек, откако „коцкестите“ претходно беа надиграни и од светскиот шампион Шпанија. 

Состави

Славен Билиќ

4-2-3-1

    Томас Тухел

    4-3-3