„Билд“ најави: Нагелсман пред промоција во нов германски селектор

Германските медиуми најавуваат дека Јулијан Нагелсман ќе биде новиот селектор на националниот тим. По заминувањето на Ханси Флик, кој стана прв селектор кој заработил отказ во репрезентацијата на Германија, се бараше адекватно решение.

Според пишувањето на угледниот „Билд“, Нагелсман е пред промоција како нов предводник на репрезентацијата. Интересно, тој го наследи Флик и на клупата во Баерн, а сега ќе биде негов наследник и на клупата на „панцерите“. 

Германците се решија за промени, мора да се консолидираат и да ја кренат формата пред Европското првенство на кое следната година се домаќини. Нагелсман доаѓа на клупата за својот прв репрезентативен ангажман, откако во кариерата ги водеше Хофенхајм, РБ Лајпциг и Баерн Минхен