• Мартин Танасковски

Екипата на Атлетик Билбао патува меѓу најдобрите четири во Купот на Кралот, со победа на гости кај Валенсија (1-3) во рамки на четвртфиналната фаза.
- Извештај од натпреварот:
Баскијците ги искористија своите шанси, а во првиот дел блескаше Ињаки Вилијамс кој беше двоен асистент. Асистираше до Муниаин и неговиот брат Вилијамс во 35. и 45. минута, во моменти кога Билбао доаѓаше до предност, откако претходно Валенсија изедначи со автоголот на Де Маркос.
Во вториот дел точка на победата на Атлетик Билбао стави Весга од пенал, кој претходно го направи Комер. Покрај Билбао, во следната фаза од Купот на Кралот се наоѓаат уште екипите на Барселона и Осасуна.