ВИДЕО: „Биковите“ пак разочараа, Арминија му го нанесе првиот пораз на Тедеско во Лајпциг

Фудбалерите на РБ Лајпциг повторно ги разочараа своите фанови, откако на домашен терен загубија од еден од најслабите тимови во германскиот шампионат оваа сезона – Арминија Билифилд (0-2).

  • РБ Лајпциг - Арминија Билифилд 0-2:

Иако се чинеше дека промената на тренерското столче и доведувањето на младиот стратег Тедеско, ќе дувнат позитивни ветришта на „Ред Бул Арена“, „биковите“ по победата над Борусија Менхенгладбах и ремито со Аугсбург им се вратија на старите навики, поради кои отказ доби Џеси Марш.

Лајпциг дуелот со претпоследниот тим на табелата во Бундеслигата го загуби во вториот дел, откако во 57. минута Арминија поведе преку Сер, а на 15 минути до крајот Окугава ги постави конечните 1-2. Треба да се напомене дека домашниот тим беше немоќен и со играч повеќе, затоа што последните 20 минути гостите ги одиграа без Клос кој доби директен црвен картон.

Во стандардниот термин од 15:30 часот се одиграа уште четири натпревари и на истите се постигнаа само четири гола, што е вистинска реткост кога станува збор за бундеслигашки фудбал. 

Унион Берлин со Крузе славеше на гостувањето кај Бохум, Ајнтрахт Франкфурт исто така со 1-0 беше поуспешен од Мајнц, додека без победник завршија натпреварите меѓу Гројтер и Аугсбург (0-0) и Хофенхајм и Борусија Менхенгладбах (1-1).

  • Ајнтрахт Франкфурт - Мајнц 05 1-0:

Попладнево се игра натпреварот во Берлин меѓу Херта и Борусија Дортмунд.

Состави

Domenico Tedesco

3-5-2

    Marco Kostmann

    4-4-2