БиХ прифати пријателска со Русија за 200.000 евра, па се крена бунт

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина прифати пријателски натпревар против селекцијата на Русија која во моментов е под суспензија од ФИФА и УЕФА поради санкции, па јавноста крена бунт и се најавија радикални потези ако „змејовите“ прифатат да играат.

Повеќето членови на босанската фудбалска федерација гласаа „за“ овој контролен натпревар, само еден беше против. Медиумите од земјата пишуваат дека поводот за прифатената понуда за овој пријателски меч е финансиската награда од 200.000 евра од страна на Русија.

Воедно, Русите најавиле дека ќе ги сносат сите трошоци за овој дуел кој е планиран во Санкт Петербург. Сепак, неизвесно е дали БиХ ќе игра против „зборнаја“, затоа што се најавија радикални поези од повеќе репрезентативци, исто и од членови на Управниот одбор на федерацијата, градот Сараево...