ВИДЕО: БиХ потфрли и на пенали загуби од С.Ирска, победи и за Словачка и Шкотска

Фудбалската Лига на нации и полуфиналните пресметки на патот до баражот за пласман на Европското првенство понудија дури три натпревари каде победникот се решаваше по изведувањето на удари од единаесет метри. 

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина беше елиминирана од Северна Ирска и покрај фактот дека беше голем фаворит и водеше на полувреме. Резултатот за „змејовите“ го отвори Раде Круниќ во 14. минута, а предноста важеше до 53. кога МекГин израмни. Се играа 120 минути без промена на актуелните 1-1, по што се изведуваа пенали. Несигурните Хајрадиновиќ и Вишча беа кобни по својата селекција, па Ирците со 3-4 се радуваа на пласман во финалето.

  • Босна и Херцеговина - Северна Ирска 1-1 (3-4)

Противник на Северна Ирска ќе биде селекцијата на Словачка, која исто на пенали ја исфрли Ирска со 4-2, по игра без голови во 120. минути. Избраниците на Хапал беа посигурни од белата точка, па по изедначен натпревар се радуваа на бараж.

  • Словачка - Северна Ирска 0-0 (4-2):

Слична разврска понуди и средбата меѓу Шкотска и Израел во рамките на Лигата Ц, каде Шкотска ќе се пресмета со Србија. Шкотланѓаните не промашија во „рулетот“ и со 5-3 се пласираа во финалето и меч за пласман на Европското првенство. 

  • Шкотска - Израел 0-0 (5-3):

Финалните натпревари се закажани за 12 ноември, а по завршните четири натпревари ќе се знаат последните учесници на Европското првенство.