Биелса уште една сезона ќе го води Лидс на Џани Алиоски

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски и следната сезона ќе соработува со еден од најдобрите тренери во Англија, Марсело Биелса.

Иако, Лидс Јунајтед не успеа да се пласира во Премиерлигата, но клубот му понуди нов договор на поранешниот селектор на Аргентина и Биелса прифати уште една сезона да го води некогашниот шампион на Премиер лигата. 

Сезонава, тимот на Лидс Јунајтед во полуфиналето на плеј-офот испадна од Дерби Каунти, откако претходно го заврши регуларниот дел од Чемпионшип на третото место.

Пред да дојде во Англија, 63-годишниот стручњак ги водеше Њу Олд Бојс, Велез Сарсфилд, Еспањол, Атлетик Билбао, Олимпик Марсеј, а беше и селектор на Чиле и Аргентина.

Алиоски е задоволен од овој нов договор и неговиот напредок со доаѓањето на Биелса е евидентен.