Биелса се шегувал со Џани: Што си се фарбал така, да не си со 60-годишна тетка?

Еаџан Алиоски е еден од омилените играчи во Лидс Јунајтед. Македонскиот репрезентативец со своите шеги е задолжен за атмосферата и често ја крева пред, за време и по натпреварите на англискиот премиерлигаш.

Најновата шега од соблекувалната на Лидс Јунајтед е поврзана повторно со Џани Алиоски, но, овој пат, таа е за него. Патрик Бамфорд, напаѓачот на повратникот во англиската елита, во официјалниот подкаст на Лидс говореше за шегите кои паднале поради тоа дека Алиоски си ја офарбал косата.

„Мислам дека личи на Меган Рапино! Кога дојде таков на тренинг, му извадив слика од неа и му реков „дали ова е тоа кое го сакаш?“. Дури и тренерот Биелса се шегуваше за неговата коса. Тоа беше за дали тој се фарбал во таква боја затоа што има постара девојка, тетка од 60 години. Не ја разбрав баш шегата, но секако дека сите се смеевме“, кажа Бамфорд.

Алиоски ужива во неговиот нов имиџ, а со него дојде до реми против Ливерпул (1-1). Следен пат на терените тој ќе го „презентира“ против Манчестер Јунајтед.