• Саше Љолес
Селекторот на уругвајската репрезентација, Марсело Биелса, остро реагираше на наводите на Луис Суарез за недисциплина во националниот тим и изјави дека доведен е во прашање неговиот неспорен авторитет.
Суарез минатиот месец официјално се повлече од репрезентацијата, по што „распали“ по селекторот, кого го обвини за создавање кланови помеѓу играчите, па затоа дел од нив сакаат да се откажат од настапите во националниот дрес.
„Оваа ситуација влијаеше на мене и не го игнорирам тој факт. Неговите изјави директно влијаат на мојот авторитет. Се подготвувавме за последниот меч исто како и за сите останати. Не знам зошто Суарез ги напаѓа и тренерите, кога тие си ја вршат својата работа професионално“, изјави Биелса.
Критиките кон селекторот се зголемија после поразот од Перу во квалификациите за Светското првенство (1-0). Суарез смета дека неговите методи ќе доведат до „експлозија“ помеѓу играчите, поради исклучително напорните тренинзи кои Биелса секогаш ги практикува.