ВИДЕО: Биелса го препороди Алиоски, Македонецот „стрела“ против Дерби

Езџан Алиоски се наметна кај Марсело Биелса и веќе го постигна првиот гол во новата сезона. По асистенцијата за 1-2, на гостувањето кај Ддерби Каунти, македонскиот репрезентативец постигна гол за потврда на победата, за 1-4.

Имено, Алиоски уште еднаш го покажа својот гол инстикт и со прецизен удар со глава во 64. минута го совлада домашниот голман Карсон. Се исплатеше упорноста на напаѓачите на Лидс Јунајтед и од една навидум загубена топка дојдоа до четврти погодок. 

Лидс Јунајтед се наоѓа пред втора победа и идеален старт на новата сезона во Чемпионшип.