Биелса ги напушта Лидс и Алиоски и се сели во Рома?

По завршувањето на тековната сезона, Клаудио Раниери си заминува од тренерското столче на Рома, откако пред извесен период најави дека нема да ја продолжи соработката со италијанскиот гигант. 

„Стариот лисец“ среде сезона го наследи сменетиот Ди Франческо, а „римската волчица“ за краток период ќе треба да назначи трет тренер. Шпекулациите кој ќе биде на чело на тимот во новата сезона веќе започнаа, а како што тврди еден од најпознатите италијански новинари Џанлука Ди Марцио, нов тренер на Рома ќе биде контроверзниот Марсело Биелса. 

Аргентинскиот стратег, по неуспешната епизода во Лил, на голема врата се врати водејќи го англиски Лидс, со кој беше многу блиску до враќање во Премиер лигата, откако го загуби полуфиналето во плеј-офот од тимот на Дерби.

Двете страни веќе имале една рунда на преговори, а најверојатно во текот на идната седмица ќе се дознаат повеќе детали. Во богатата кариера Биелса беше на чело на голем број клубови, а своевремено ги водеше и селекциите на Чиле и Аргентина