BИДЕО: Даде гол за победа во 98. минута, a кога судијата досуди крај – почна неутешно да плаче

Екипата на Порто извојува сигурна победа над Боависта со 2-1 во натпреварот од 33. коло на шампионатот во Португалија, а по натпреварот во центарот на вниманието беше иранскиот репрезентативец Мехди Тареми, кој прсна во плач по последниот судиски свиреж.

  • Извештај од натпреварот:

Искусниот напаѓач синоќа го одигра последниот натпревар за Порто пред својата публика. Во игра влезе во второто полувреме и доби овации од публиката, а во 98. минута беше автор на победничкиот гол на својот тим. Но, откако натпреварот заврши тој не можеше да ги задржи солзите, клекна на земја и почна да плаче. 

31-годишниот фудбалер пред неколку месеци одлучи дека по четири години ќе го напушти Порто затоа што добил покана од Интер што едноставно не можел да ја одбие. Сепак, синоќешните солзи се доказ дека Порто засекогаш ќе има посебно место во неговото срце.

Состави

Vitor Bruno

4-2-3-1

    Cristiano Bacci

    4-1-3-2