ВИДЕО: Бичакчиќ како да заборави да игра фудбал – со аматерска грешка му подари гол на Падерборн

Фудбалерите на Падербон и Хофенхајм ги одиграа највозбудливите први 45 минути од денешната програма на Бундеслигата. 

На пауза се замина со резултат 1-1, откако двата гола беа постигнати на самиот почеток од натпреварот. Само што се тргна од центарот Хофенхајм поведе со 0-1, но по само четири минути босанскиот репрезентативец Бичакчиќ направи аматерска грешка и му подари погодок на домаќините за израмнување на 1-1. Стрелец за Падербон беше Србени со прекрасен удар од прва по подарокот.

  • Големата грешка на Бичакчиќ и прекрасниот погодок на фудбалерот на Падербон. 

Голот за Хофенхајм го постигна Сков, на асистенција на Кабербек.