„Би сакал да го избегнам Јувентус, тој е главниот фаворит за титулата во ЛШ“

Клоп

Екипата на Ливерпул во осминафиналето на Лигата на шампионите ќе се соочи со Баерн Минхен, кој е противник по мерка според зборовите на тренерот Јирген Клоп.

Германецот изрази задоволство од ждрепката и порача кои екипи сака да ги избегне во остатокот од натпреварувањето.

„Има две екипи кои сакам да ги избегнам во Лигата на шампионите - Борусија Дортмунд и Јувентус. Борусија поради мојата љубов кон неа, а Јуве бидејќи е апсолутен фаворит за трофејот оваа сезона. Алегри има одлична група на искусни фудбалери, а сигурен сум дека повозрасните дефанзивци нема да сакаат да пропуштат уште една шанса да стигнат до титулата“, рече Клоп.

„Црвените“ се лидери во Премиер лигата со еден бод предност пред минатогодишниот шампион, Манчестер Сити.