„Би му ја доделил „Златната топка“ на Гризман, оваа година тој беше пред Роналдо и Модриќ“

Антоан Гризман титула

Француската јавност беше згрозена од фактот што меѓу тројцата финалисти за титулата најдобар фудбалер оваа година немаше место за Антоан Гризман.

Напаѓачот на Атлетико Мадрид исто така јавно го искажа своето незадоволство, а на негова страна застана и неговиот тренер, Диего Симеоне. Аргентинецот смета дека не требало да постои дилема околу победникот оваа година.

„Оваа година, без никаква дилема, би му ја доделил „Златната топка“ на Антоан Гризман. Тој остави фантастична сезона зад себе и мислам дека ја заслужува наградата пред Роналдо и Модриќ“ , вели аргентинскиот тренер.

Гризман минатата сезона постигна 29 гола и додели 15 асистенции со „јорганџиите“, а исто така ја освои Лига Европа и Европскиот Суперкуп.

На Мундијалот со својата Франција стигна до титулата, постигнувајќи четири гола проследени со три асистенции.