Безброј невистини околу Чапекоенсе: Роналдињо и Рикелме нема да играат за бразилскиот клуб

По трагедијата во која загина скоро целиот тим на Чапекоенсе се појавија многу невистинити информации или полувистини.

Така беа демантирани вестите дека ПСЖ и Кристијано Роналдо донирале пари за несреќниот бразилски клуб, а сега стигна демант и дека Роналдињо и Рикелме ќе играат за малиот бразилски клуб.

Братот и агентот на Роналдињо демантираше било каков контакт до овој момент, а не исклучи помош од страна на некогашниот најдобар фудбалер на светот, дали во одигрување на ревијален натпревар или настап за екипата во сеозната 2016/17, со оглед на тоа што клубот по трагедијата остана без фудбалери.

Агентот на Рикелме исто така демантираше дека Аргентинецот ќе го облече дресот на „зелените“.