• Горан Упале
Бранителот на титулата Мексико ќе се соочи со домаќинот Соединетите Американски Држави во финалето на Голд Купот, првенството на Северна и Централна Америка. Мексиканците во полуфиналето го победија Хондурас со 1-0, додека Американците славеа над Гватемала со 2-1.
- Meсико - Хондурас 1-0
Бранителот на титулата стигна до финалето благодарение на голот на Раул Хименез во 50. минута. Американците се пласираа во финалето на крилата на Диего Луна. Фудбалерот на Реал Солт Лејк ги постигна двата гола за Соединетите Американски Држави, во четвртата и петнаесеттата минута. Олгер Ескобар го постигна единствениот гол за Гватемала на десет минути до крајот на натпреварот.
- САД - Гватемала 2-1:
Финалето ќе се игра во понеделник рано наутро по средноевропско време, во 01:00 часот наутро, во Хјустон. Голд Купот се игра од 1991 година, а во досегашните седумнаесет изданија, Мексико бил шампион девет пати, САД седум пати, а Канада еднаш.






