ВИДЕО: Бетис со човек помалку не ја преживеа дождливата вечер на „Местаља“

Валенсија

Валенсија на Џенаро Гатузо ја искористи бројчаната предност и го совлада Бетис (3-0) во натпревар од 14. коло од Примера. „Лилјаците“ конечно ја прекинаа негативната серија и запишаа три бода на домашниот меч.

  • Валенсија - Бетис 2-0: 

Едгар Гонзалез за само десет минути во вториот дел заработи исклучување. Тоа го искористија домашните фудбалери за да постигнат два гола во продолжението. Андре Алмеида од слободен удар успеа да го совлада противничкиот голман и обезбеди предност за својата екипа. Во финишот судијата досуди пенал во корист на домашните, кој успешно го реализира Уго Гиљамон. 

За крај на голеадата, Џастин Клајверт се запиша во листата на стрелци во надополнувањето од дуелот во на „Местаља“. Бетис падна една позиција и го препушти своето место на Атлетико Мадрид. Валенсија, пак, побегна од опасната зона со денешното славје.

Првиот денешен натпревар донесе реми без голови меѓу Рајо Ваљекано на Столе Димитриевски и Селта Виго.

Состави

Рубен Бараха

4-3-3

    Мануел Пелегрини

    4-2-3-1