• Горан Упале
Денешната програма од 19. коло во Примера започна со реми меѓу најлошиот тим во шпанската елита досега, Овиедо, и екипата која што цели кон излезе во Европа, Бетис (1-1).
- Извештај од натпреварот:
Мрежите мируваа во првото полувреме. Бетис имаше две добри шанси - Кучо Heрнандез, во 24. минута ја погоди стативата, а девет минути подоцна ја стресе и пречката.
Овиедо поведе во 64. минута, со гол постигнат од Иљас Шаира, по асистенција од Алекс Фарес. Сепак, во последните минути од натпреварот Џовани Ло Селсо му донесе бод на Бетис, откако го искористи додавањето на Антони и го претвори во гол.
Ова е осмиот нерешен резултат за Бетис оваа сезона, со кој е на шестото место во Примера со 29 бода, додека Овиедо е последен со 13 бода.





