Бетис сака да го задржи Антони, но Јунајтед не го дава туку-така

Раководството на Бетис сака да го задржи Антони во клубот и следната сезона и веќе разгледува различни опции за тоа, тврди трансфер експертот Фабрицио Романо. 

Екипата од Севиља планира да започне разговори со своите колеги од Манчестер Јунајтед следниот месец во обид да се најде доволно добро решение кое ќе ги задоволи двете страни. 

„Зелено-белите“ немаат финансиски средства да го откупат Бразилецот и поради оваа причина најверојатно ќе дадат понуда за нова позајмица, но со исплата на поголем дел од платата на играчот. 

Крајот на сезоната за Бетис и исходот од битката за места во Лигата на шампионите исто така би можел да биде одлучувачки, бидејќи достигнувањето на најкомерцијалниот клупски турнир ќе им даде на Шпанците многу поголема слобода во работата на трансфер пазарот. 

Антони импресионираше со своите игри за Бетис од неговиот јануарски трансфер, по кој постигна четири гола и четири асистенции во 11 настапи за тимот во сите конкуренции.