• Горан Упале
Екипата на Бетис не успеа да му „побегне“ на Реал Сосиедад и со победа над Лас Палмас да ја зголеми предноста пред главниот ривал за местото кое води во квалификациите за Лига Европа. На островот „зелено-белите“ двапати испуштија водство и освоија само бод (2-2).
- Бетис - Лас Палмас 2-2:
Првиот гол за Бетис беше дело на Мармол, кој несреќно си постигна автогол, но само шест минути подоцна Алекс Суарез ја врати домашната екипа и погоди за 1-1, резултат со кој се замина на одмор. Само што започна вториот дел Перез постигна прекрасен погодок и го врати водството на Бетис.
Но, фаворитот ниту овој пат не го сочува. Лас Палмас израмни во 64. минута преку Молеиро, кој со прецизен удар крај десната статива ја смести топката во мрежата за конечни 2-2.
Доколку Реал Сосиедад победи вечерва, Бетис поради вечерашното реми ќе падне на седмото место.