ВИДЕО: Бетис разбиен, Атлетик Билбао граби кон горниот дом на Примера

Ако често беа критикувани на почетокот на сезоната за недостатокот на алтернативи во нападот и пропуштената можност за враќање на Фернандо Љоренте, фудбалерите на Атлетик Билбао ги демантираа скептиците, ја одиграа најдобрата партија оваа есен и го декласираа Бетис на „Сан Мамеш“ со 4-0 (2-0) во последниот натпревар од десеттото коло на Примера.

  • Извештај од натпреварот: 

Составот на Пелегрини започна многу лоши и по несмасниот автогол на Виктор Руиз во деветтата минута јасно беше што им се заканува на „зелено-белите“. Младиот Капа со глава, на додавање на Ињаки Вилијамс, во 33. минута го матира Клаудио Браво за 2-0, резултат со кој се замина на одмор. 

Најдобриот фудбалер на Баскијците, Икер Муниаин во 59. минута со индивидуална мајсторија зголеми на 3-0, а девет минути подоцна засилувањето од Торино, Беренгер ги постави финалните 4-0.

Со овие четири гола Атлетик Билбао ја заслужи четвртата победа и со 12 бода се искачи на осмото место на табелата. Ист број на бодови, четири места подолу, има и Бетис, но одиграл натпревар повеќе во споредба со тимот на Гаритано.