ВИДЕО: Бетис остана перфектен, пеналите донесоа втор триумф за Осасуна

Бетис со втората победа оваа сезона, на гостувањето кај Мајорка (1-2), се искачи на врвот на табелата во Примера.

  • Мајорка - Бетис 1-2: 

Тимот на Мануел Пелегрини рутински си ја заврши работата на Балеарските острови. Пенал во раната фаза донесе предност за гостите. Борха Иглесијас беше успешен реализатор од белата точка. Радост на трибините имаше на почетокот од вториот дел. Ведат Муручи се најде на вистинското место и израмни. Меѓутоа по ист рецепт, со удар од единаесет метри, „зелено-белите“ стигнаа до трите бода. Одново Иглесијас беше прецизен и погоди за конечен резултат на „Висит Естади“ во Мајорка.

Претходно рутинска победа запиша и Осасуна на домашниот дуел против Кадиз (2-0). Одново имаше два пенали со кои тимот од Памплона остана максимална по воведните два меча од сезоната. Вила и Гарсија беа стрелци за домашната екипа на оваа средба.

  • Осасуна - Кадиз 2-0: 

Селта Виго ќе го пречека шампионот Реал Мадрид во последниот меч од саботната програма во шпанското првенство.

Состави

Javier Aguirre

5-4-1

    Мануел Пелегрини

    4-2-3-1