Бетис никако да победи, хет-трик на Ен-Несири за нов блесок на Леганес

Леганес

Екипата на Бетис загуби кај Леганес во 23. коло од Примера и го запиша четвртиот пораз на последните шест натпревари.

По одличниот старт на сезоната, фудбалерите на Кике Сетиен значително ја загубија формата, а тоа има донесе кризен период кој трае повеќе од еден месец. Од друга страна, Леганес продолжи со одличните изданија со кои чекори кон горниот дел од првенствената табела.

Денешната средба им припадна на домашните играчи кои постигнаа три гола и целосно го надиграа противникот. Херој на тимот од Мадрид беше Јусеф Ен-Несири, кој запиша хет-трик и заслужено беше играч на натпреварот.

Шанса за прекин на кризата Бетис ќе има во следното коло кога ќе го пречека Алавес. Нареден противник на Леганес ќе биде Реал Сосиедад.