ВИДЕО: Бетис немоќен, Брајтвајт донесе „златна“ победа за Еспањол

Фудбалерите на Еспањол ја продолжија позитивната серија без пораз во Примера и во рамки од 18. коло од шпанскиот шампионат со минимални 1-0 (1-0) славеа на соочувањето со незгодниот тим на Бетис.

Моментот на одлука во „РЦДЕ Арена“ во Барслеона се случи во финишот од првиот дел, кога поранешниот напаѓач на Барселона, Мартин Брајтвајт го најде патот до противничката мрежа и погоди за значајни три бода за својата екипа. На стартот од вториот дел Алеиш Видал одново ги израдува фановите на трибините, но неговиот погодок беше поништен поради офсајд.

Бетис, иако во поголемиот дел од натпреварот имаше иницијатива и ја топката во своите нозе, не успеа да креира речиси ниту една посериозна закана кон домашниот гол.

  • Извештај од натпреварот: 

Следен ривал на „зелено-белите“ во Примера ќе биде Хетафе, а Еспањол ќе патува кај Алмерија.

Состави

Diego Martinez

4-3-3

    Мануел Пелегрини

    4-2-3-1