• Горан Упале


Додека шпанската јавност си ги лечеше раните поради разочарувачкиот настап на „црвената фурија“ на Мундијалот, членовите на Примера напорно тренираа и ги „полнеа батериите“ за продолжението на сезоната. Актерите на една од најинтересните двојки од 15. коло беа многу активни и одиграа бројни пријателски натпревари за да не испаднат целосно од ритам, што може да биде и погубно за двете екипи со европски амбиции.
Сите квоти во MOZZART за натпреварот Бетис - Атлетик Билбао
Билбао имаше четири проверки и секоја ја реши во своја корист, без примен гол, а последниот тест, против четвртолигашот Сестао Ривера во Купот на Кралот, го одработи според планот – славеше со „минималец“ во комбиниран тим, така што тренерот Ернесто Валверде ги одржа свежи своите клучни играчи.
Сите квоти во MOZZART за oстанатите натпревари во Примера
Бетис одигра дури шест контролни средби, но со половичен успех. Сепак, треба да се има предвид дека колегата на Валверде, Мануел Пелегрини, долго време е без услугите на неколку стандардни првотимци кои играа на Светското првенство, а само што во тимот се приклучија двајца Аргентинци, стоперот Херман Пецеља и дефанзивниот играч за врска Гвидо Родригез, поради продолжен одмор не се во конкуренција за овој натпревар. Отсуството на момците кои ја освоија светската титула во Катар е приличен хендикеп за Андалузијците, но чилеанскиот стручњак истакна дека цело време се подготвувал за таа опција и дека тоа не му пречело на подготовките за пресметката со Баскијците.
Традицијата е на страната на гостите, но во последните години преовладуваат кецовите. Сепак, прашање е како паузата влијаеше на ривалите, па подобро барајте 1X&2+ или ГГ.