ВИДЕО: Бетис ја преживеа „Аноета“ и обезбеди четвртфинале во Купот на Кралот 

Фудбалерите на Бетис слават место меѓу осумте најдобри во Купот на Кралот, откако вечерва останаа непоразени на гостувањето кај Реал Сосиедад и благодарение на двата гола во гости (2-2) обезбедија понатамошен пласман во ова натпреварување. Првиот натпревар во Севиља заврши без победник, но на тој меч мрежите мируваа (0-0). 

Мечот во Андалузија започна со офанзивната игра на двете екипи и два гола во самиот финиш од првиот дел. Први се радуваа гостите, кои преку Каналес во 37. минута поведоа со 0-1, но по само три минути игра Реал Сосиедад се врати во игра и со голот на Зубелдиа израмни на 1-1, резултат со кој се замина на одмор. 

Домашните фудбалери ја имаа иницијативата во вториот дел, а тоа резултираше со гол на Микел за комплетирање на пресвртот и водство на Сосиедад од 2-1. Сепак, Бетис успеа брзо да возврати и благодарение на Морон стигна до 2-2 и пласман во четвртфиналето на Купот на Кралот.