Бетис го награди Пелегрини со нов договор и повисока плата

Фудбалскиот клуб Бетис одлучи да го награди својот шеф на стручниот штаб Мануел Мануел Пелегрини, за одличните игри и резултати на тимот во оваа сезона во Примера.

Така, чилеанскиот стручњак потпиша нов договор со клубот од Севиља, кој сега ќе има важност до 2025 година, а доби и зголемување на платата.

Пелегрини имаше договор до 2023 година и можеби не мораше да брза со потпишување нов, но раководството на клубот сакаше да го награди за одличните резултати што ги постигнува со тимот оваа сезона.

Бетис моментално е на третата позиција во Примера, веднаш зад Реал Мадрид и Севиља и надвор од сите очекувања има можност да се бори за едно од првите четири места, кои водат во Лигата на шампионите.