• Зоран Мишевски
Фудбалерите на Бетис го победија Виљареал со 2-0 на стадионот „Ла Картуха“ во Севиља, во натпреварот од 20. коло на Примера. Првото полувреме заврши без голови. Иако домашните имаа поголем посед на топката, Виљареал создаваше шанси со контранапади. Сепак, голманите на двете страни беа на висина на задачата.
По одморот и враќањето на теренот, Бетис поведе во 56. минута. Во шеснаесетникот, Руибал искористи груба грешка и ја смести топката во мрежата за 1-0. Во 76. минута од натпреварот, Комезана направи старт за директен црвен картон, па Бетис остана со играч повеќе, што го искористи во рок од само неколку минути. Форналс стави точка на овој натпревар во 83. минута со ефектен гол за 2-0. Одбранбените играчи на Виљареал бавно се враќаа во одбрана, Форналс доби додавање од Антонио на работ од шеснаесетникот и го совлада голманот со силен и прецизен удар.
По овој натпревар, Виљареал е сè уште трет на табелата со 41 бод, зад Барселона и Реал Мадрид, додека Бетис е шести со 32 бода.
Значајна домашна победа запиша и Осасуна, која со 3-2 го совлада Овиедо.





