ВИДЕО: Бетис го држи местото кое води во ЛЕ, одигра атрактивно реми со Валенсија

Екипите на Бетис и Валенсија одиграа реми од 2-2 (2-1), во рамките на 33. коло од шпанската Примера. Атрактивната пресметка на „Бенито Виљамарин“ на крајот заврши со делба на бодовите, откако двата тима си дадоа по два погодоци. 

  • Бетис - Валенсија 2-2: 

Резултатот го отвори Набил Фекир за Бетис во 12. минута. Хоакин го проигра Французинот, кој реализира за предност на домаќинот. Сепак, радоста траеше само десет минути кога Гонсало Гуедеш донесе израмнување и егал во продолжението. 

Кога сите чекаа заминување на пауза, погоди Серхио Каналес, на втора асистенција од Хоакин за 2-1, пред полувремето. Валенсија беше на потег, а им помогна фактот дека Алекс Морено играше со рака и направи пенал. Сигурен од белата точка беше младиот Карлос Солер, па од 61. минута на семафорот стоеше 2-2. 

Кутроне ја стресе мрежата на Бетис во продолжението но голот не важеше, а домашната екипа имаше и неколку добри шанси. Во завршницата Даниел Вас заработи црвен картон, но промена на резултатот немаше. 

Во истиот термин реми без голови одиграа Кадиз и Селта Виго (0-0).