Бетис го договори Митровиќ, Србинот доаѓа во Севиља за 25 милиони евра

Центарфорот на српската фудбалска репрезентација Александар Митровиќ нема намера да игра во понизок ранг на натпреварување, иако има постоечки договор со лондонски Фулам. Шпански Бетис од Севиља по доаѓањето на Руби на клупата се обидува значително да се засили и ќе „тропне на вратата“ на Фулам за српскиот голгетер.

Бетис испратил понуда по средбата на спортскиот директор на Лопез Каталан со челниците на Фулам. Клубот од Лондон за Митровиќ бара 25 милиони евра, сума која Бетис е подготвен да ја плати.

24-годишниот Митровиќ постигна 11 гола на 39 натпревари за Фулам сезонава, а делува незаменливи и во нападот на српската селекција која игра променливо во овој период.

Договорот со Фулам го врзува Митровиќ до 2023 година.