• Горан Упале


Полни 26 години традиција памети дербито на Севиља, а неговото 142. издание ќе се игра во недела од 18:30 часот на „Рамон Санчез Писхуан“.
Иако разликата на табелата е само три бода во корист на Бетис, „вердибланкосите“ го дочекуваат градското дерби во нешто подобро расположение, откако во претходното, осмо коло го совладаа Еспањол (1-0), додека Андалузијците ремизираа во Билбао. (1-1).
По воведните четири натпревари без триумф, Севиља донекаде се консолидира, почна да победува, но се уште нема посебен лидер во играта. Засега најдобар стрелец со два гола е Доди Лукебакио. Во Бетис ситуацијата е нешто поинаква. Избраниците на Мануел Пелегрини покрај што имаат два порази, трипати славеа и одиграа нерешено, а Џовани Ло Селсо експлодира во првите осум кола и даде пет гола.
Сите квоти во MOZZART за натпреварот Севиља - Бетис
Интересно, Бетис нема победа во последните 11 првенствени натпревари и последен пат ја победи Севиља во Примера во септември 2018 година. Од тогаш до денес само еднаш ја победи во Купот на Кралот. Во последните девет соочувања на овие екипи дури четири пати дуелите завршуваа со резултат 1-1. Бидејќи двата тима имаат постигнато по осум гола од почетокот на сезоната (т.е. гол по натпревар), за похрабрите можеби не е лоша идејата да се стремат кон точниот резултат на „Санчез Писхуан“.