• Саше Љолес

Младите фудбалери добиваат можност бесплатно да го следат натпреварот меѓу Македонија и Шкотска од трибините на Националната арена „Тодор Проески“.
Фудбалската федерација на Македонија обезбеди бесплатен влез за младите играчи кои се дел од Детската лига и фудбалските школи, како и за сите младински категории во системот на ФФМ - пионери, помлади пионери, кадети и младинци, кои ќе бидат придружувани од нивните тренери.
За дуелот со Шкотска, младите фудбалери и нивните тренери ќе можат бесплатно да бидат на западната трибина на Националната арена „Тодор Проески“.
На стадионот ќе има место и за навивачките групи, кои претходно побараа организирано присуство на натпреварот.
Оваа поволност ќе важи за сите натпревари на македонската репрезентација во актуелниот циклус, со што ФФМ им овозможува на најмладите фудбалери одблиску да ги следат настапите на сениорската репрезентација.






