Беспарица во Примера, никогаш послаб зимски преоден рок во Шпанија

Со исклучок на премиерлигашите, сите други клубови од европскиот континент имаа скромен преоден рок. Посебно неактивни беа Шпанците, кои потрошија помалку дури и од двете ковид-години.

Тимовите од Примера потрошиле најмала сума на трансфери во последните шест години. Причина за ова е пасивноста на двата големи гиганти Барселона и Реал Мадрид, кои во јануари не потпишаа ниту еден нов играч. Останатите клубови исплатија вкупно 37,6 милиони евра за нови играчи, а во исто време продадоа играчи во вкупна вредност од 78,4 милиони евра.

Година со најмала потрошувачка беше 2017 година, кога за трансфери беа инвестирани само 27,7 милиони евра.

Лондонски Челзи инвестираше неверојатни 326 милиони евра, што е повеќе од сите тимови во останатите четири најголеми првенства во Европа.