Бесните фанови ја бараа „главата“ на претседателот, додека тој се криеше во соблекувалната!

Не е редок случај незадоволните навивачи на некој клуб да протестираат против сопственикот, претседателот или целото раководство на нивниот клуб, но сцените кои доаѓаат од Апенините дефинитивно се повеќе од протест. Вчера во 30. коло од италијанската Серија Б, Бреша на домашен терен беше поразена од Џенова со 0-3. Головите ги постигнаа Салседо во првиот и двапати Гудмундсон во вториот дел.

Тоа беше само продолжение на црната серија на Бреша која трае од ноември минатата година. Оваа екопа нема победа на последните шеснаесет натпревари во Серија Б, од 27 ноември и е на последното место со 28 бода. Навивачите на познатиот италијански клуб бурно протестираа, а сопственикот на клубот Масимо Челино беше нападнат од најжестоките ултраси. Разочарани од новиот пораз, навивачите на Бреша на крајот од натпреварот му се заканија на сопственикот Масимо Челино, а по последниот судиски свиреж почнаа да го бараат низ стадионот.

Според локалните медиуми, стотици навивачи од „Пелуза Норд“ отишле до задниот дел од стадионот, до влезот и скандирале против сопственикот. Исплашен од тоа што се случи, Челино немаше време да го напушти стадионот и се сокри во соблекувалната.

„Создадена е клима на терор. Нема потреба да бидам нападнат вербално и физички, како што беше случај во последните денови. Но, што е можно поскоро ќе побегнам од тука од вознемирувачките фактори“, рече Челино во февруари.

Бреша наскоро да остане без претседател, а големо прашање е дали ќе го задржат статусот на второлигаш во Италија.