Бесниот Ван Дајк: Ова не е мојот препознатлив Ливерпул!

По поразот од Манчестер Јунајтед (3-2), капитенот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк, изрази разочарување од резултатот и упати ново извинување до своите навивачи.

Искусниот Холанѓанец рече дека тимот не бил на висина на задачата и го критикуваше менталитетот на својот тим. 

„Мислам дека моравме да одиграме далеку подобро. Повторно правиме несфатливи грешки, нешто што се повторува во текот на целата сезона. Ова не е оној Ливерпул што го знам, познавам и сакам. 

Во иднина сакаме да гледаме добар тим, фокусиран и максимално пожртвуван. Денес навивачите не видоа такво нешто. Се обидовме да се вратиме, дадовме максимум, но и тоа не беше доволно“, рече Ван Дајк. 

Со неуспехот на „Олд Трафорд“, Ливерпул остана на вкупно 58 бодови на табелата, но уште е во добра позиција за пласман во Лигата на шампионите. 

Состави

Мајкл Керик

4-2-3-1

    Арне Слот

    4-2-3-1