Бесмир Бојку уште една сезона останува во Косово

Македонскиот интернационалец Бесмир Бојку нема да менува средина и ќе остане во Косово и догодина.

25-годишниот играч изминатата сезона ја мина во редовите на косовски Фероникели, па двете страни се договорија за нов договор и продолжување на соработката. Бојку, кој настапува во средниот ред, во Косово пристигна од Шкендија.

Претходно, играчот ги носеше дресовите на Шкупи, Работнички и Македонија ЃП. Фероникели сезоната во Косово ја заврши на петтата позиција.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.