• Мартин Танасковски

Струга Трим Лум и Бесмир Бојку постигнаа договор за продолжување на соработката, со што искусниот играч од средниот ред останува во редовите на актуелниот македонски прволигаш најмалку до 30 јуни 2028 година.
Од клубот информираат дека преговорите биле завршени многу брзо, благодарение на заедничката желба за продолжување на соработката, па Бојку ќе остане дел од новиот проект на Струга под водство на тренерот Бледи Шкемби.
Бојку во Струга пристигна во летото 2021 година и во изминатите четири сезони се етаблираше како еден од најважните фудбалери во тимот.
Во дресот на Струга Трим Љум досега има одиграно 133 натпревари во сите конкуренции, при што постигна шест погодоци и запиша 16 асистенции.

