• Мартин Танасковски
Македонскиот фудбалер Бесир Исени направи чекор напред во кариерата и ја почна првата авантура во странство, каде потпиша за албанскиот клуб Тирана.
22-годишниот бек играше за Струга Трим Љум, но двете страни не ја продолжија соработката. Следна станица ќе му биде албанската Суперлига каде ќе игра за еден од најдобрите тимови. Исени и Тирана потпишаа тригодишен договор.
Исени му се стави на клубот на располагање од денес и тренира со екипата. Покрај за Струга, младиот играч во кариерата играше и за Велазерими. Исени одигра девет натпревари во ПМФЛ, а исто така беше дел и од квалификациите за Конференциската лига со стружани.