Бесир Демири ја одбра Албанија и ќе игра за „орлите“ во Лигата на Нациите

Доскорешниот македонски фудбалски репрезентативец, Бесир Демири, ќе го менува репрезентативниот дрес и во иднина ќе игра за нашиот западен сосед Албанија.

Демири, кој беше дел од У21-репрезентацијата која на чело со Благоја Милевски играше на едно Европско првенство (ЕП), се најде на списокот (под број 11) на Панучи за натпреварите од Лигата на Нациите против Израел и Шкотска.

Левиот бек долго време чекаше повик од Игор Ангеловски, а откако не го доби, реши да менува и да игра за западниот сосед. Демири ги мина сите младински селекции на Македонија, а моментално е дел од рускиот тим Мариупол.

Демири беше дел и од составот на Вардар со кого настапи во групната фаза на Лигата на Европа.

УЕФА Лига на нации, Лига Ц, Гр. 1
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ШкотскаШкотска 1 4 3 0 1 10:4 6 9
2 ИзраелИзраел 1 4 2 0 2 6:5 1 6
3 АлбанијаАлбанија 4 1 0 3 1:8 -7 3