Бесир Демири ја напушти Украина и потпиша за Жилина

Левиот бек на младинската селекција на Македонија која обезбеди пласман на Европското првенство во Полска во 2017 година, Бесир Демири ја напушти Украина и се пресели во тимот на Жилина во Словачка.

По солидните настапи за украинскиот Мариопол, поранешниот фудбалер на Вардар се одлучи да потпише договот на три сезони со поранешниот учесник во Лигата на шампионите. 

Демири настапуваше за Шкупи и Вардар, а по младата селекција на Македонија, ја одбра Албанија и кандидира за сениорскиот тим на нашиот западен сосед. Демири беше стрелец на гол против Украина на гостувањето кое ширум ги отвори портите за У21 Европското првенство во еден од клучните мечеви во тој квалификациски циклус.

Во Жилина настапува уште еден млад и добро познат фудбалер од ПМФЛ, поранешниот фудбалер на Шкендија, Енис Фазлагиќ.